Октомври – благословен месец за Романците
 
 
 
 
 

Октомври – благословен месец за Романците (12.10.2006)

За Романската Православна Црква месецот октомври е благословен од големите празници. Православните Романци во текот на овој месец чествуваат четири големи празника: 14 октомври – Св. Параскева; следуваат светите Ерделјани: св. Висарион, св. Софрониј, св. Опреа, св. Јоан и св. Мојсеј маченик се чествуваат на 21 октомври; свети Димитриј мироточив, покровител на градот Крајова – на 26 октомври и св. Димитриј Бесарабиски, покровител на Букурешт на 27 октомври.

Подготовката за денот на св. Петка веќе започна. Се очекуваат стотици поклоници, кои ќе имаат можност да се поклонат и на моштите на св. Нектариј Егински (Светител од 20 век).

Празниците на светите Ерделјани ќе бидат одбележани освен литургиски и со симпозиум на тема „Архиепископијата Алба Јулија – православен духовен центар на Трансилванија“.

Крајова ќе го одбележи денот на св. великомаченик Димитриј со литии и поклонение на моштите на св. Нифонт, св. Сергеј, св. Вакх и св. Татијана во митрополитскиот соборен храм.

На 27 октомври е празникот на св. Димитриј Бесарабиски, покровител на Букурешт. Веќе 230 години моштите на овој Светител се чуваат во сребрен кивот во патријаршискиот соборен храм во Букурешт. Повеќе од 50 години секоја есен илјада поклоници доаѓаат на поклонение, а се очекува и оваа година да биде така.

 

Известува: crestinortodox.ro