Се упокои Митрополитот Арсениј Пловдивски од Бугарската Православна Црква (14.10.2006)
Во понеделник ќе биде погребан Пловдивскиот Митрополит Арсениј, кој се упокои во Господа во петок вечерта. Во понеделник наутро во соборниот храм на Пресвета Богородица во Пловдив, Митрополитот Кирил Варненски и Великопреславски ќе отслужи Света Литургија, а потоа и опело за покој на душата на новопретставениот архиереј. Во богослужбата ќе земат учество и членовите на Светиот Синод, епархиски свештеници како и свештенство од целата земја.
Во сабота, 14 октомври, на вонредна седница на Светиот Синод на БПЦ, архиереите го избраа Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил за местоблустител на упразнетиот престол на Пловдивската Митрополија. Тој ќе ги води работите на Митрополијата до изборот на нов Владика. Една од основните задачи на Владиката Кирил ќе биде организирање избори за нов Митрополит на Пловдивската епархија.
известува: www.dveribg.net