Патријарсите на Русија и Грузија за помирување на двата народа
 
 
 
 
 

Патријарсите на Русија и Грузија за помирување на двата народа (17.10.2006)

Неговата Светост Алексиј, патријарх Московски и руски, и Неговата Светост Илија, католикос и патријарх грузиски, разменија посланија во кои повикуваат на помирување и заемно разбирање помеѓу Русија и Грузија.

“Ги вознесуваме нашите молитви кон Господа за Тој да подари помирување на нашите држави и народи“, се вели во посланието на Грузискиот патријарх.

Во својот одговор, патријархот Алексиј пишува: „Се молиме за надминување на неодамна настанатите проблеми, за возобновување на довербата и добрите односи помеѓу Русија и Грузија. Нашите народи се соединети со вековни врски на братство во Христа и сакаат, сигурен сум, да живеат во пријателство.“

Наспроти тоа што и двата народа имаат една иста православна вера, во последните години односите меѓу нив се влошија, особено откако Грузија при крајот на септември годинава уапси неколку руски офицери под обвинение за шпионажа. Русија ги отфрли тврдењата на грузиските власти и ја стави кавкаската држава под економска блокада.

 

известува:  http://pravoslavie.bg/content/view/3883/202/