После неодамнешната крштевка Емир Кустурица ктитор на храм во неговиот „етноград“
 
 
 
 
 

После неодамнешната крштевка Емир Кустурица ктитор на храм во неговиот „етноград“ (19.10.2006)

Познатиот југословенски режисер Емир Кустурица се крсти на денот на светиот великомаченик Георгиј во 2005 година со името Немања во манастирот Савина во близина на Херцег Нови. За тоа соопштуваат претставници на Српската Православна Црква. Како што е познато Емир Кустурица е роден во Сараево во семејство на муслимани кои пред неколку генерации го примиле исламот. Самиот режисер не еднаш зборувал за тоа дека во неговото семејство никогаш не ги заборавиле нивните православни корени. Режисерот заедно со својата сопруга Маја стана ктитор на храм посветен на свети Сава Српски во село на Мокра Гора изградено по негов сопствен проект. Храмот беше осветен на 23 јануари 2005 година од епископот Жички Хризостом. За овој настан соопшти весникот на Српската Патријаршија „Православие“. Во осветувањето на храмот учествуваше свештенството на Жичката епархија, а беа присутни многу познати културни дејци, соседи и пријатели на Кустурица од околните места. Академикот Матија Бечковиќ, кој беше меѓу присутните на осветувањето, забележа по повод овој настан: „Емир Кустурица даде пример и на другите луѓе од светот на уметноста и духовноста да го возобноват обичајот големите луѓе да стануваат и големи ктитори.“

 

Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/152014.html