На празникот на свети Јован Рилски во рилската света обител
 
 
 
 
 

На празникот на свети Јован Рилски во рилската света обител (20.10.2006)

Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил чиноначалствуваше со празничната Божествена Литургија во рилскиот манастирски храм во сослужение со други Владици и игуменот на светата рилска обител, Епископот Евлогиј. Меѓу сослужителите беа и грчки и романски свештеници. Празникот на свети Јован Рилски, покровител и молитвен застапник на Бугарија, одново собра илјада мирјани во од него основаниот манастир на Рилската планина. Богољубиви христијани од блиските и далечните краеви дојдоа да му покажат почит на великото духовно дело на основачот на манастирот и да се поклонат пред неговите нетлени мошти.

„Овој ден за мене е исклучителен како и за секој бугарски верник зашто оваа година се навршија 1060 години од успението на свети Јован Рилски“, рече игуменот на манастирот епископот Евлогиј. „Рилскиот Светител е духовен столб не само на православието во Бугарија туку и на целата Православна Црква“, подвлече Владиката Евлогиј. Традиционално на денешната празнична богослужба ѝ претходеше сеноќно бдение.

известува: Pravoslavie.bg