Цариградскиот патријарх во Солун
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх во Солун (21.10.2006)

Христијани го опсипуваат со ливчиња од рози цариградскиот патријарх Вартоломеј за време на неговата вчерашна посета на Солун.

 

Цариградскиот патријарх присуствуваше на низа настани во северниот грчки пристаништен град, вклучувајќи го и отварањето на духовен центар на Грчката Црква и официјален ручек приреден од министерот за образование и религија Мариета Јанаку. Патријархот исто така го положи камен-темелникот на дом за стари лица. Вартоломеј со седиште во Истанбул се наоѓа во еднонеделна посета на Грција и денес ќе ја посети полуавтономната заедница на Света Гора.

 

известува: Pravoslavie.bg