Во Солун се отвори првиот црковен музеј
 
 
 
 
 

Во Солун се отвори првиот црковен музеј (27.10.2006)

Вчера во Солун беше отворен првиот црковен музеј во Грција којшто ѝ приоѓа на црковната уметност и од богословски аспект. Свечената церемонија на отворањето ја возглави претседателот на Грција Каролос Папуљас. Домаќин на свеченоста беше митрополитот солунски г. Антим. На површина од двесте метри квадратни претставени се повеќе од двесте ретки икони од периодот меѓу XIV и XVI век.

Цел на проектот, на кој повеќе од една година работеа музјески специјалисти, богослови, архитекти и научници од разни хуманитарни области, е да ја претстави црковната уметност низ призмата на богословието. Во музејот се опфатени пет тематски циклуси, насловени: „Иконата во Телото на Црквата“, „Симболот на верата и иконата“, „После Византија“, „Црква Господова, Црква на верните“ и „Светата солунска митрополија - родина на светители“. Наскоро ќе биде подготвен комплетен каталог на музејот, како и учебно помагало за училиштата и гимназиите. Музејот се наоѓа во салата на соборната црква на светата солунска митрополија.

известува: Dveri.bg