Првиот православен храм во Персискиот Залив
 
 
 
 
 

Првиот православен храм во Персискиот Залив (28.10.2006)

Православните христијани во Дубаи се надеваат наскоро да започне изградбата на нова источноправославна црква, по добивањето на официјална дозвола. Членовите на православната заедница во Обединетите Арапски Емирати велат дека нивната нова црква ќе биде единствена од овој род во Заливот.

Џон Теодори, Канаѓанец со арапско потекло, претседател на црковниот комитет, е среќен дека работата околу изградбата може веќе да започне. „Ова е еден многу добар гест од страна на Дубајската Влада“, изјави тој.

Црквата ќе биде изградена на парцела со плоштина од 1800 метри квадратни, во Џебел Али (пристаништен град во близина на Дубаи), подарен од шеихот Мохамед бин Рашид ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и градоначелник на Дубаи. Надлежните лица од градската управа на Дубаи издадоа дозвола за отпочнување на проектот, изјави Теодори.

Во моментов источноправославна црква има во Ирак, а во Кувајт православните христијани ползуваат за свој храм една вила под наем.

Известува: Gulfnews