Kритикуван односот на Европарламентот кон Црквите (28.10.2006)
Еден од високите службеници на Европската Унија го критикуваше односот на Европскиот Парламент кон традиционалните Цркви изјавувајќи дека Европарламентот ги меша „религијата и фундаментализмот“.
Европскиот Парламент (ЕП) се најде под огнот на еден од своите најстари службеници, којшто го критикуваше односот на ЕП кон традиционалните Цркви. Заменик претседателот на Европскиот Парламен г-динот Марио Мауро изјави во интервју за „Интерфакс“ дека ЕП спроведува една „несправедлива политика кон традиционалните Цркви“. Тој исто така ги обвини членовите на ЕП дека ја мешаат „религијата со фундаментализмот“. „Во последните десет години Европарламентот ги обвини Католичката и Православната Црква за нарушување на човечки права по повеќе од триесет поводи, но тој ниту еднаш не упати слични обвиненија кон држави како Кина или Куба“, изјави италијанецот Мауро. Тој исто така предупреди за штетните последици што спротивставувањето на Црквите може да го има врз обидите за обединување на Европа. „Некои земји се обидуваат да изградат општество без Бога и тоа создава многу сериозни проблеми. Оние коишто се спротивставуваат на учеството на Црквите во Европскиот општествен живот можат да се претворат во извор на уништување на политичкиот проект за обединета Европа“, рече тој. Заменик претседателот на ЕП го искоментира ова за време на конференцијата „Европа во пресвртен момент“ во Москва. Тој се повика на случај на дискриминација по одос на Црквите и на неодамнешните обвинувања од страна на Европскиот суд дека православниот монашки центар на Света Гора во Грција ги нарушува човечките права забранувајќи им пристап на жените. „Тоа очигледно е единствен предлог – човек би требало да ги почитува религиозните права на монасите да живеат во одвоеност од светот“, изјави Мауро. „Главната причина за определенија како ова е што многумина се убедени дека Европа треба да се изградува без религија и дека таа стратегија е неопходна за спротивставување на фундаментализмот. Но, тие ја мешаат религијата со фундаментализмот. Ние сме против фундаментализмот, но ја поддржуваме религијата“. Мауро исто така изјави дек Европа се наоѓа пред двоен предизвик на моралниот релативитизам и религиозниот фундаментализам и дека таа треба да помни дека знамето на ЕУ – дванаесет ѕвезди на сина позадина – го симболизира „застапништвото на Дева Марија“ и „кругот на 12 апостоли“.
Известува: Christian today