На 29 октомври поглаварот на Бугарската Православна Црква наполни 92 години (31.10.2006)
Неговата Светост Максим, поглавар на Бугарската Православна Црква, го прослави својот 92-ри роденден на 29 октомври. По овој повод, архиереите на Бугарската Православна Црква и други гости го посетија патријархот во владината болница „Лозенец“, каде што тој од март годинава се наоѓа на лечење. Неговата Светост прими и писмени честитки од претседателот на Р. Бугарија Георги Перванов, претседателот на Собранието Георги Пирински, како и од Дирекцијата за вероисповеди при Министерскиот совет на Р. Бугарија. Архиереите на Бугарската Црква отслужија Божествена Литургија и молебен за здравјето на Патријархот во црквата на Свети Александар Невски во Софија.
Известува: Patriarhia.ru