Алексиј II ја повика Бугарија да ги помни своите духовни корени и по влезот во ЕУ (03.11.2006)
Рускиот патријарх Алексиј II ја повика Бугарија по влезот во Европската Унија да го сочува својот православен идентитет и да ѝ напомне на Европа за нејзините корени. „Во најблиска иднина вашата земја ќе влезе во Европската Унија. Во тие услови Светата Бугарска Црква и благочестивиот бугарски народ се повикани не само да го сочуваат својот православен идентитет, своето духовно и културно наследство, туку и да сведочат пред европските народи за Христос како за Син на Живиот Бог“, се вели во посланието на рускиот патријарх кон учесниците во празнувањето на светиот апостол Андреј, кое деновиве се одвива во Варна.
Важно е не само да влеземе во Европа, туку и да ја приближиме кон себеси, „да ѝ ја вратиме душата, да ѝ напомнеме за нејзините духовни корени, нејзините духовни основачи, да не ѝ дадеме да ја заборави својата историја“, додаде Алексиј II.
Според неговите зборови, во денешниот глобализиран свет мисионерското дело на светиот апостол Андреј придобива особено значење и „се јавува како дејствителен пример за тоа дека проповедта на Евангелието не треба да се ограничува само во рамките на својот народ“.
Поглаварот на Руската Црква напомна дека празнувањата во Варна се од особено значење не само за православните Цркви туку и за цела Европа, бидејќи апостолот Андреј, заедно со светите апостоли Патер и Павле, прв ја пренел веста за Христос на европскиот континет.
„На тој начин целата европска цивилизација го има својот почеток во проповедта на овие апостоли, но денес таа за жал се повеќе се оддалечува од своите корени“.
Известува: Интерфакс