Средба на Претседателот на Европарламентот со поглаварот на Грчката Православна Црква (05-11-2006)
Претседателот на ЕУ Josep Borrell Fontelles на 1 ноември 2006 година оствари средба со г. Христодул, поглаварот на Грчката Православна Црква. Во текот на средбата се разговараше за улогата на Грчката Црква и за нејзините историски врски со грчкото општество, за административната структура на Православните Цркви, за влезот на Турција во Европската Унија, за верскиот туризам и за европскиот Устав.
По однос на прашањето за верски слободи и односот на Европската Унија со Турција, г-динот Borrell Fontelles забележа: „Вие знаете дека сме во преговори со Турција околу тоа дека слободата на верски убедувања е еден многу важен елемент, за што исто така дискутиравме со цариградскиот патријарх при нашата неодамнешна посета на Истанбул.“
Архиепископот Христодул, од своја страна, истакна дека „прашањето за верски слободи, во целиот свет, е мошне важно и фундаментално прашање во меѓурелигиозниот дијалог, кои ние, како Црква и религија, го водиме со цел да се обезбеди мир во светот и мирен соживот меѓу народите. Нашата соседна земја, Турција, како што и Вие рековте, треба да се прилагоди кон европските придобивки, односно да ги почитува човековите правата за да влезе во европското семејство, бидејќи овие права претставуваат конкретен знак со кој се потврдува достоинството на човекот и на народите.“
Известува: Orthodoxie.org