Избран нов митрополит за Кидонија и Апокорон (Критска Православна Црква) (09.11.2006)
На 7 ноември Светиот Синод на Православната Црква на Крит (Цариградска Патријаршија) едногласно го избра архимандритот Дамаскин (Папајанаки) за нов митрополит на Кидонија и Апокорон (резиденција во градот Ханија).
Неговиот претходник на оваа столица, Иринеј (Анастасиади), на 30 август годинава беше избран за поглавар на Критската Црква.
Архимандритот Дамаскин, од манастирот на Света Троица во градот Ханија, е близок соработник на архиепископот Иринеј. Студирал теологија на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Сè до неодамнешниот избор за Митрополит, ја извршувал должноста на генерален викар на митрополијата на Кидонија и Апокорон.
Црквата на Крит е полуавотномна Црква во состав на Цариградската Патријаршија. Го сочувала својот посебен статус откако островот Крит бил ослободен од присоединувањето кон Грција во 1898 година. Поглаварот, Архиепископот Критски, има резиденција во градот Ираклион. Митрополијата на Кидонија и Апокорон е една од осумте митрополии на Критската Православна Црква.
Известува: Patriarhia.ru