Христодул предизвика реакции со најавената посета на Ватикан (12.11.2006)
Светиот сојуз на грчкото свештенство се изјасни против посетата на Ватикан, планирана за 14 декември, од страна на Архиепископот Христодул. Во изјавата за печатот се вели, „папата е еретик и Христодул нема одобрение од страна на Светиот Синод на Грчката Православна Црква, светото свештенство и верната паства за посетата на Ватикан“. Сојузот на грчкото свештенство исто така го изрази своето несогласување со тоа свештениците да склучуваат втор брак.
известува: ERT.gr