Интронизација на новиот поглавар на Кипарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Интронизација на новиот поглавар на Кипарската Православна Црква (14.11.2006)

Интронизацијата на новиот поглавар на Кипарската Православна Црква, Хризостом II, беше извршена во неделата на 12 ноември во Никозија. Изутрина членовите на Светиот Синод, свештенството и мирјаните се собраа во Архиепископијата. Одовде свечената литија се упати кон блиската соборна црква на свети Јован. Новиот Архиепископ учествуваше во литијата, облечен во обично расо и со жезол во рацете. Сегашниот жезол е направен во 1969 година по налог на тогашниот Архиепископ Софрониј. После него жезолот се пренесуваше на шестмината следни поглавари на Црквата.

Во својата прва прорповед кон присутните во соборниот храм на Свети Јован, Хризостом II подвлече дека во прв ред тој ќе се стреми кон тоа Црквата да му се обраќа на современиот човек на разбирлив јазик. Новиот поглавар исто така планира проширување на Светиот Синод, што го смета за неопходно не само од практична туку и од богословска гледна точка. По однос на поделбата на островот после турската окупација на неговиот северен дел во 1974 година, Архиепископот изјави дека Кипарската Православна Црква и понатаму ќе учествува во процесот на обединување на островот.

На церемонијата на интронизацијата присуствуваа архиереи од помесните Православни Цркви, меѓу кои беа претставници од: Цариградската Паријаршија, Антиохиската Патријаршија, Александриската Патријаршија, Грчката Православна Црква, Руската Православна Црква, Романската Православна Црква, Српската Православна Црква и други. Меѓу присутните на церемонијата беа и високи државни лица: претседателот на Грчката Република Кипар, г-дин Тасос Папдопулос, други личности од јавниот живот на земјата, како и претставници на грчката Влада.

 

Известува: Cyprus News Agency