Интернационален конгрес „Свети Јован Златоуст“ во Романија
 
 
 
 
 

Интернационален конгрес „Свети Јован Златоуст“ во Романија (14.11.2006)

Теолошкиот факултет во Букурешт, со благослов на патријархот Теоктист, од 12 до 14 ноември организира интернационален богословски конгрес насловен: „Свети Јован Златоуст – Егзегет на Светото Писмо, Егзегет на Божествената љубов“. Со конгресот се отвара низа манифестации со кои ќе се одбележат 1600 години од упокојувањето на свети Јован Златоуст (347-407 г.). Конгресот е под покровителство на Романската Патријаршија и на Државниот Секретаријат за религии.

 

Известува: Roumanie.com