Грчката Влада откупи 1000 декари земја за Ерусалимската Патријаршија
 
 
 
 
 

Грчката Влада откупи 1000 декари земја за Ерусалимската Патријаршија (19.11.2006)

Грчката Влада даде 4 милиони евра, со кои беше делумно отплатен долгот на Ерусалимската Патријаршија кон израелската фирма „Синтрон“. Заради овој долг фирмата „Синтрон“ доби права над 1000 декари земја во Ерусалим и Витлеем. Долгот во висина од 9,5 милиони евра бил направен уште за времето на патријархот Диодор и бидејќи не бил исплатен во времето на претходниот патријарх Иринеј, тој дополнително се зголемил.

Парите беа обезбедени благодарение на иницијативата на патријархот Теофил и интересот на грчкото Министерство за надворешни работи, како и на личното залагање на г-ѓа Дора Бакојани.

 

извор: http://www.dveri.bg/content/view/3062/74/