Антиохискиот поглавар во посета на храмот на Руската Православна Црква во Дамаск (23.11.2006)
На 12 ноември 2006 година, патријархот на Антиохија и цел Исток Игнатиј IV го посети храмот на Претставништвото на Московската Патријаршија и на цела Русија во Дамаск. Неговото Блаженство отслужи Архиерејска Божествена Литургија, после која им се обрати на присутните верни со пригодна беседа. Патријархот Игнатиј беше примен од страна на претставникот на Московската Патријаршија во Дамаск, архимандритот Александар, кој од своја страна му се заблагодари на поглаварот на Антиохиската Црква за вниманието кон рускиот храм.
известува: Mospat.ru