Света Гора
 
 
 
 
 

Света Гора (24.11.2006)

Со цел да се спречат големите катастрофи предизвикани од пожари, како на пример онаа што го уништи манастирот Хиландар, Центарот за заштита на светогорското богатство (KeDAK) започна со големи зафати наменети за заштитување на цела Света Гора од пожари. Вкупните трошоци на овие зафати кои веќе се превземаат во Светогорската Република се оценува дека изнесуваат околу 21 милион евра и се во рамките на поголемиот главен план за создавање на современа инфраструктура во древните манастири на Света Гора.

Веќе во поедини манастири (Кутлумуш, Дохијар, Пантократор и други) започна конструкцијата на специјални цистерни, додека во другите светогорски манастири се спроведуваат поправки на постоечките објекти.

За манастирите на Великата Лавра и Хиландар, коишто се најмногу оштетени, подготвени се специјални планови, така што и во овие манастири наскоро ќе се започне со акциите за заштита од пожари.

Известува: RNN.gr