Востоличени двајца нови митрополити на Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Востоличени двајца нови митрополити на Грчката Православна Црква (28.11.2006)

На 25 и 26 ноември 2006 година беа востоличени двајца нови митрополити на Грчката Православна Црква: митрополитот на Гортина и Мегалополис г. Еремиј и митрополитот на Коринт г. Дионисиј. На востоличувањата присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Атински и на цела Грција, Христодул, членови на ерархијата на Грчката Православна Црква, претставници на грчката Влада и Парламент.

Востоличувањето на новиот Митрополит на Гортина и Мегалополис г. Еремиј се одржа на 25 ноември 2006 година во Димицана во црквата на света Недела, а востоличувањето на Митрополитот на Коринт г. Дионисиј во Коринт, во храмот посветен на светиот апостол Павле на 26 ноември 2006 година.

известува: Ecclesia.gr