Кипар протестира против претварање на манастир во хотел
 
 
 
 
 

Кипар протестира против претварање на манастир во хотел (04.12.2006)

Република Кипар упати протест до ООН против намерата на Турција да  финансира проект за претварање на древниот манастир посветен на свети апостол Андреј во хотелски комплекс со 120 соби. Во турскиот дел на Кипар, Турција е спремна да даде 1,5 милион нови турски лири за реставрација и реновирање на манастирскиoт комплекс.

Древниот манастир се наоѓа на крајната североисточна точка на турскиот дел на Кипар, на полуостровот Карпасија. Оттука, според преданието, апостолот Андреј се упатил во Палестина. Во последните десет години манастирот беше запуштен. Во најлошата состојба се наоѓа црквата од XV век, којашто Турција не сака да реставрира. Манастирските објекти од XIX век, кои се планира да се претворат во хотел се во доста добра состојба.

 

Известува: http://www.pravoslavie.ru/cgi-bin/sykon/client/display.pl?sid=519&did=1983