Грчката Црква и Цариградската Патријаршија пред нова криза
 
 
 
 
 

Грчката Црква и Цариградската Патријаршија пред нова криза (10.12.2006)

После размената на љубезности и јавни изјави за непроблематичност во односите меѓу Грчката Црква и Цариградската Патријаршија, двете Цркви се најдоа пред нова криза, за која и двете страни тврдат дека не ја посакуваат, но потребни се сериозни усилби за нејзино надминување. Поводот е новиот предлог на законот за црковното правосудство.

 

Грчката Црква заедно со Министерството за образование веќе пристапи кон составување на нов закон, во кој се отстрануваат многуте пропусти на стариот закон, пројавени за време на последната црковна криза во Грција.

 

Патријаршијата истапува против промените, коишто најповеќе се однесуваат на  црковното судство, и кои ги засегаат клириците под нејзината номинална јурисдикција во т.н. „Нови земји“ во Северна Грција (ослободени од Турците пред 1913 год.) и бара да има глас во неговото утврдување или отфрлување. Високи служители во Патријаршијата тврдат дека е „апсолутно невозможно да биде прифатен нов закон, којшто се однесува на клириците во Новите земји, Крит и Додеканезите, а Патријаршијата да не биде информирана за него дури ни со едно писмо.“

 

Патријархот Вартоломеј веќе испрати писмо до Атинскиот Архиепископ во кое го предупредува дека ако не биде земено во предвид неговото мислење при изготвувањето на законот, тоа ќе ги изнесе двете Цркви пред остра криза, којашто никој не ја посакува.

 

Изјавата на патријархот Вартоломеј е одговор на писмо потпишано од 12 Митрополити под јурисдикцијата на Грчката Црква кои го молат да заземе став. Тие изразуваат загриженост дека во новиот закон ќе се одземе можноста клириците да прибегнуваат кон арбитража на Цариградската Патријаршија како што е пракса во Грчката Црква.

 

Во обид да ја ублажи напрегнатоста особено пред заминувањето на архиепископот Христодул во Ватикан, Министерството за образование ќе испрати на Патријаршијата предлог на законот во работна верзија. После посетата на архиепископот Христодул во Ватикан спорните моменти меѓу двете Цркви ќе треба да бидат разгледани.

 

Известува: http://www.dveri.bg/content/view/3217/74/