55 години на автокефалноста на Православната Црква во Чешка и Словачка (10.12.2006)
Православната Црква на Чешка и Словачка одбележа 55 години на автокефалност, којашто ја доби од Руската Православна Црква во 1951 година.
На свеченостите учествуваа претставници на повеќе помесни православни Цркви: Руската Православна Црква, Грузиската Православна Црква, Антиохиската Православна Црква, Српската Православна Црква, Бугарската Православна Црква, Романската Православна Црква, Полската Православна Црква, Православната Црква во Америка, Александриската Православна Црква. Свеченостите започнаа на 8 декември со Божествена Литургија во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Прага со која чиноначалствуваше поглаварот на Православната Црква во Чешка и Словачка, Митрополитот Христофор. После Литургијата беа прочитани поздравни посланија од претставниците на помесните православните Цркви.
Известува: http://www.mospat.ru/index.php?page=34239