Амстердам (21.12.2006)
Католичкиот манастир на редот на капуцините стана православен. Московската Патријаршија го купи овој манастирски комплекс кој во својот состав освен црква има и конаци со монашки келии и повеќе други простории. Во некои од просториите веќе се отворени школа за веронаука, продавница за книги и библиотека (со неколку илјади книги). Манастирскиот комплекс се наоѓа во центарот на Амстердам, во квартот Јордан и купен е за 1,5 милиони евра, коишто ги собраа верниците од оваа парохија.
Осветувањето на манастирскиот комплекс се одржа на 16 декември 2006 год., во присуство на многуброен верен народ. На службите најмногу присуствуваат Руси и Холанѓани, поради што богослужбите се одржуваат на два јазика.
Краток видео приказ од осветувањето: http://news.ntv.ru/99951/