Бугарскиот патријарх Максим излезе од болница (22.12.2006)
Бугарскиот патријарх Максим денеска беше испишан од Владината болница „Лозенец“ и се врати во својата резиденција. Во болницата беше примен поради повторниот прелом на коската на колкот. Сега, според лекарите, здравјето му е задоволително. Се очекува дека патријархот Максим ќе се обрати со послание до верните по повод Рождеството Христово и Новата година, а исто така дека ќе им честита влез во Европска Унија.
Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/173341.html