Порака до верниците по повод Новата Година на романскиот патријарх Теоктист (01.01.2007)
По повод Новата 2007 година ви се обраќам со желба за добро здравје, добра волја и посебно за поголемо приближување до Господ, до Црквата и до нејзините молитви. Оваа година е запишана во историјата на нашиот народ со еден голем настан – влегувањето на Романците во редот на европските цивилизирани народи. Тоа е уште еден полезен и убав чекор за нас, но треба да се подготвиме уште отсега да ги чуваме традициите, верата, нашата историја, нашиот јазик, кои го сочинуваат нашиот национален идентитет. Инаку, секој од овие народи ги има истите вредности, но кога се сретнуваат и се сменуваат вредностите, тие стануваат и покорисни за нашиот секојдневен живот.
Со овие мисли ве прегрнувам со љубов и се молам на добриот Господ да Ви дарува многу здравје и убаво да ја празнувате Новата Година во мислата со Господ и со свети Василиј Велики, како и со вашата фамилија и вашиот живот.
На многу среќни години!
Теоктист,
Извор: www.mmb.ro