Претседателот на Сирија Башар Ал-Асад на гости кај Антиохискиот патријарх Игнатиј
 
 
 
 
 

Претседателот на Сирија Башар Ал-Асад на гости кај Антиохискиот патријарх Игнатиј (03.01.2007)

Претседателот на Сирија Башар Ал-Асад на 25 декември 2006 г. беше топло пречекан од Неговото Блаженство патријархот на Антиохија Игнатиј IV и учествуваше во официјалните чествувања на Рождеството Христово во Патријаршијата, која денес се наоѓа во Дамаск, Сирија.

 

По празничната богослужба, тој размени поздрави со голем дел од клирот на Патријаршијата во Дамаск како и со верните, пристигнати од целиот Исток и жители на стариот дел на градот Дамаск. Традиционалното учество на сирискиот претседател во чествувањата на христијанската заедница за последен пат ѝ покажаа на светската јавност дека во Сирија владее верска толеранција, мир и благоденствие. Сириската влада секогаш се однесуваше исклучително позитивно кон православните христијани во земјата и активно ги помагаше нивните иницијативи.

 

Извор: официјалниот сајт на Антиохиската Патријаршија