Во Грција ќе биде основан официјален православен ТВ канал (10.01.2007)
Можноста за отворање на официјален ТВ канал беше проучувана во текот на повеќе години, практично од времето на изборот на архиепископот Христодул за Поглавар на Грчката Православна Црква. Се очекува во најблиско време да бидат донесени решенија со кои ќе се овозможи реализацијата на долгоочекуваниот проект, соопштува агенцијата RNN.
Според постоечките информации, Владата на Р. Грција дала прелиминарна согласност за одобрување на фреквенција под ERT (државната радио-телевизиска мрежа). Очигледно е дека е само прашање на време кога Архиепископијата ќе добие официјално владино писмо.
Наспроти големата желба на архиепископот Христодул да создаде сопствена ТВ станица, реализацијата на овој проект се соочи со ненадминливи тешкотии.
Од една страна, прилично скапо би чинело создавањето и одржувањето на работата на телевизиската станица, која би ја покривала со сигнал целата територија на Грција. Од друга страна, пак, емитувањето преку фреквенција на NOVA би морало да се покрие со плаќање претплата.
Ако се постигне согласност за емитување преку фреквенција на ERT, Црквата ќе заштеди огромна сума, која ќе ѝ се најде при изградбата на ТВ станицата. Притоа ТВ сигналот ќе се прима и далеку од границите на Грција, а проблемот со претплата ќе биде решен бидејќи фреквенциите на ERT се бесплатни.
Извор: Патриархия.ru