Жерард Депардје го прослави православниот Божик во друштво на претседателите на Украина и Грузија
 
 
 
 
 

Жерард Депардје го прослави православниот Божик во друштво на претседателите на Украина и Грузија (11.01.2007)

Францускиот актер Жерард Депардје пристигна во Украина за прослава на православниот Божик според јулијанскиот календар (7 јануари), во друштво на претседателите на Украина и Грузија и нивните сопруги, извести украинската телевизија.

 

Француската филмска ѕвезда пристигна во Украина на лична покана од страна на украинскиот претседател.

 

Актерот ги придружуваше семејствата на Јушченко и Сакашвили до Гута, зимската резиденција на украинскиот претседател на Карпатите, каде што заедно го прославија православниот Божик.

 

„Сум слушал многу за Карпатите, и навистина со големо задоволство доаѓам тука за првпат. Многу го почитувам Претседателот и многу ја сакам Украина“, изјави Жерард Депардје.

 

Претходно, на 4 јануари, актерот заедно со двајцата претседатели го посети Маниавскиот манастир, еден од најпознатите храмови во источна Украина.

 

Известува: http://fr.rian.ru/world/20070105/58519273.html