Светиот Синод на Грчката Православна Црква ги разгледа резултатите од посетата на архиепископот Христодул на Ватикан (12.01.2007)
Посетата на Ватикан на Поглаварот на Грчката Православна Црква г. Христодул практично беше единствената тема на седницата на Постојаниот Свет Синод на оваа помесна Црква, соопштува агенцијата RNN. Архиепископот го нагласи значењето на својата средба со Римскиот папа Бенедикт XVI и ги изложи потенцијалните резултати што во социјалната сфера би можеле да произлезат од соработката меѓу Православната и Римокатоличката Црква. Во врска со тоа што г. Христодул ниту побарал ниту добил одобрение од Синодот за својата посета на Ватикан, со критика на адреса на Поглаварот истапија митрополитот Перистерски Хризостом и неодамна избраниот член на Постојаниот Синод митрополитот Филипски Прокопиј. Од името на Светиот Синод, митрополитот Александруполски Антим изјави дека археипископот Христодул го посетил Рим како „претседател на Светиот Синод и поглавар на Црквата на Грција“. На истата седница Светиот Синод ја прифати оставката на митрополитот Трифилиски Стефан, оддавајќи му признание за долгогодишната архипастирка служба во полза на Црквата. Во врска со прашањето за грчките граѓани коишто под изговор дека се манастирски послушници го избегнуваат служењето воен рок, претставникот на Синодот забележа дека со стапувањето на сила на новите прописи нема да се појавуваат слични инциденти. Извор: Патриархия.ru