Орхан Памук повика да се прекине дискриминацијата на православните христијани во Турција
 
 
 
 
 

Орхан Памук повика да се прекине дискриминацијата на православните христијани во Турција (14.01.2007)

Цариградската патријаршија и проблемите што таа е принудена да ги надминува беа тема на статијата на Орхан Памук во јубилејниот број на турскиот весник „Радикал“.

 

Како што соопштува грчката агенција RNN, по повод десетгодишнината на весникот неговите издавачи направија своевиден експеримент давајќи му на светски познатиот писател еднодневно полномошно за вршење на должноста главен уредник.

 

Памук, кој и самиот има доживеано секакви закани од страна на ултранационалистите и исламистите, за основна тема на специјалниот број на весникот ги зеде прогоните на кои се подложени писателите и уметниците во Турција.

 

Во написот под наслов „Еден крст – илјадници полицајци“, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2006 г. зборува за предрасудите во однос на Цариградската патријаршија, кои како и во минатото ги имаат многу жители на Турција.

 

извор: http://www.patriarhia.ru/db/text/181544.html