Во САД расте интересот за Православието меѓу староседелците Американци
 
 
 
 
 

Во САД расте интересот за Православието меѓу староседелците Американци (16.01.2007)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Бројноста на православните заедници во САД во последните децении постојано расте и тоа главно меѓу американските староседелци – ова се податоците на Православниот институт на Патријархот Атинагора во Беркли, држава Калифорнија.

 

Како што тврди научниот раководител на институтот, Алексеј Криндач, во минатото нивните редови главно се пополнувале од емигрантите, и основањето нови епархии било во склад со населувањето на етничките заедници. Некои, пак, го примале Православието во резултат на брак со членови на заедницата.

 

Но денес, според зборовите на г-дин Криндач, околу третина од сите православни свештеници во САД се родени Американци, кои преминале во Православието главно од други конфесии, и оваа бројка постојано се зголемува.

 

Според резултатите на истражувањето спроведено од Институтот во 2006 г., во четирите православни семинарии на земјата 43% семинаристи исто така се „покрстеници“.

 

Освен тоа, како што се соопштува во истражувањето, секоја трета од повеќе од 200 парохии под Антиохиската Православна Црква во САД била формирана после 1990 г.

 

Според зборовите на о. Јован Матусјак, старешина на црквата на св. Јосиф во Витон (држава Илиноис), која е под јурисдикција на Православната Црква во Америка, нејзината парохија израснала од 20-члена во почетокот на деведесеттите години до над 600-члена во сегашно време, при што големо мнозинство на парохијаните се луѓе помлади од 40 години.

 

Православните христијани во Америка се вкупно околу 1,2 милиони и сочинуваат паства на 22 различни православни јурисдикции, соопштува „Интерфакс“ со линк на весникот North County Times и агенцијата Associated Press.

 

известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/182540.html