Поглаварот на Грчката Православна Црква отслужи Божествена Литургија во руската црква во Атина
 
 
 
 
 

Поглаварот на Грчката Православна Црква отслужи Божествена Литургија во руската црква во Атина (17.01.2007)

На празникот на Обрезанието Господово, архиепископот Атински и Грчки г. Христодул отслужи Божествена Литургија во руската црква посветена на Света Троица, во Атина.

 

На Литургијата архиепископот Христодул го ракоположи во свештенички чин протоѓаконот Александар Носевич, родум од Краснојарск, дипломиран теолог на Московската Духовна Академија и Богословскиот Факултет на Атинскиот Универзитет.

 

„Тоа што денес е ракоположен доселеник од Русија сведочи за зближувањето на Православните Цркви и народите на двете земји“, рече Архиепископот. Тој напомна за традиционално блиските односи меѓу Русија и Грција и за нивните многувековни духовни врски.

 

Поглаварот на Грчката Православна Црква имаше и средба со амбасадорот на Руската Федерација во Р. Грција, г-дин Андреј Вдовин, и со раководителот на конзулскиот оддел на амбасадата, г-дин Виктор Колупаев, кои присуствуваа на богослужбата.

 

Црквата посветена на Света Троица во Атина ѝ е дадена на Руската Православна Црква во средината на XIX век од страна на грчките власти, а во знак на благодарност за големиот придонес на Русија во добивањето независност на Грција. Во текот на многу децении оваа црква е центар на духовниот живот на руската заедница во Атина. Во советскиот период таа е вратена под јурисдикција на Грчката Православна Црква, но овде и понатаму се собираат членовите на руската заедница во Атина.

 

Известува: Патриархия.ru