Во САД ќе се појави 24-часовно православно интернет-радио
 
 
 
 
 

Во САД ќе се појави 24-часовно православно интернет-радио (18.01.2007)

Современите технологии нагло го сменија односот на Американците кон радиото. Денес веќе 58% домови во САД со пристап во „светската пајажина“ имаат брза конекција за интернет (DSL или кабелска) и сè поголем број Американци слушаат web-радио.

 

Само во последната година бројот на слушатели на интернет-радиото се зголеми за 50% и достигна 12% од населението на возраст од 12 години нагоре. Забележително е дека интернет-радиото се развива побргу отколку FM пред триесет години.

 

Во врска со тоа, Православната Христијанска Мрежа (OCN) донесе решение за стартување на целодневно интернет-радио за целото семејство, кое ќе се нарекува The Ark („Ковчегот“) – соопштува сајтот на Грчката Православна Архиепископија на Америка.

 

Се претпоставува дека The Ark ќе биде сеопфатен општонационален медиа-ресурс кој непрестајно ќе го запознава растечкиот интернет-аудиториум со богатството на богословското, литургиското и музичкото наследство на православното христијанство.

 

Деноноќното емитување на радио The Ark ќе стартува во недела на 21 јануари на сајтот www.receive.org. Истиот ден во сите православни парохии во САД, со благослов на архиереите што членуваат во Постојаната конференција на канонските православни епископи на Америка (SCOBA), ќе се одвива кампањата Share the Light („ДА ЈА СПОДЕЛИМЕ СВЕТЛИНАТА“), во поддршка на медиумските проекти на OCN.

 

 

 

Како што изјави свештеникот д-р Кристофер Метропулос, основач и извршен директор на OCN, за Православието „едноставно многу малку се знае во поголем број заедници низ цела Америка. The Ark ќе помогне да се измени оваа состојба.“

 

Посебно внимание на радио The Ark ќе ѝ биде посветено на православната музика на современи композитори, како што се: Џими Сантис, свештеникот Питер Јон Гилквист, Ејкона, Моника Метјуз и Ендрју Ентони. На каналот ќе се емитува основната радиопрограма на OCN, Come Receive the Light („ДОЈДЕТЕ, ПРИМЕТЕ СВЕТЛИНА“).

 

Еми Луварис, директор на програмата на радио The Ark вели: „Јас сум вработена жена, мајка на две ќерки. Моите девојчиња постојано слушаат музика на интернет или на своите iPod. Нашата Црква неопходно мора да предложи алтернатива за сето тоа. Јас би сакала моите деца да ја сочуваат врската со Црквата.“

 

OCN се стреми кон тоа православните средства за масовни информации да станат ефективна поткрепа за секоја локална црква. Се претпоставува дека The Ark ќе стане таков информативен канал кој ќе може по потреба да се модифицира за локалните парохии. Секоја црква што во 2007 година ќе земе учество во кампањата Share the Light, ќе има право да добива верзија на The Ark специјално модифицирана за нејзината домашна страница.

 

Секоја локална парохија ќе може да објавува сопствени соопштенија, да размени вести околу празниците и неделните проповеди. Посетителите на парохиските web-страници ќе ја слушаат и целосната програма на радио The Ark и тековната информација за животот во парохијата.

 

OCN е агенција при Постојаната конференција на канонските православни епископи на Америка (SCOBA). Нејзина цел е да се распространува знаењето за Православието меѓу населението и да им се укажува помош на парохиските свештеници во вонбогослужбената дејност со мирјаните.

 

Извор: http://www.receive.org