Средба на митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, Поглавар на Руската Православна Задгранична Црква, со Ерусалимскиот патријарх Теофил
 
 
 
 
 

Средба на митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, Поглавар на Руската Православна Задгранична Црква, со Ерусалимскиот патријарх Теофил (19.01.2007)

На 23 август, во зданието на Ерусалимската патријаршија, Поглаварот на Руската Задгранична Црква оствари средба со Неговото Блаженство Теофил, патријарх Ерусалимски. Учесници во средбата беа и архиепископот Берлински и Германски Марк, надлежен за Руската Духовна Мисија во Ерусалим; игуменот Андроник (Котљаров), в.д. началник на Руската Духовна Мисија; јеромонахот Николај (Перекрестов), секретар на Мисијата; настојателките на женските манастири при Руската Задгранична Црква во Светата Земја, игумениите Елисавета и Мојсеја; и членови на делегацијата на Руската Задгранична Црква.