Света Гора ... online (21.01.2007)
Мобилни телефони, безжичен интернет и ред други телекомуникациски олеснувања, со помош на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ и американската фирма “Aperto Networks” наскоро ќе можат да користат монасите на Света Гора. Управата на ОТЕ донесе одлука да започне пилот-проект на Света Гора за поставување на безжична ADSL интернет линија преку програмата WiMax. Таа услуга дури отпосле ќе им биде ставена на располагање на корисниците во Грција. Овој систем ќе помогне во надминувањето на проблемите сврзани со тешкодостапниот терен на Атонскиот полуостров, така што сега еден лап топ ќе биде доволен за да се оствари врска преку интернет или преку телефон со целиот свет.
Извор: RNN