Во Русија се снима филм за Православието во 42 земји
 
 
 
 
 

Во Русија се снима филм за Православието во 42 земји (22.01.2007)

Руска екипа оваа година снима филм за Православието во 42 земји ширум светот. Иницијатор е Црковно-научниот центар „Православна енциклопедија“, чија идеја е да се направи сериски филм од 12 епизоди, „Планетата на Православието“. Неколку филмски екипи и различни водители снимаат секвенци во 42 земји во светот. Во најголем дел снимањата се веќе завршени и претстои монтажа на филмот. Се очекува тој да се појави на екраните во почетокот на 2008 г. Во проектот учествуваат Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Московската патријаршија. Спонзор е „Гаспром“.

„Во овој филм ќе има многу интересни материјали, малку познати историски факти и потполно непознати слики на православниот живот во катчиња на Африка, Јужна Америка, Кореја и Кина“, изјави раководителот на проектот Сергеј Кравец. Центарот завршува и со работата на сериите „Крстот и свастиката“ и „Сталин и Третиот Рим“, чии премиери исто така се очекуваат.  

 

Извор: Интерфакс-Религия