Цариградскиот патријарх Вартоломеј во Брисел
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во Брисел (24.01.2007)

Во понеделникот, на 22.1.2007 г., Неговата Светост Цариградскиот патријарх во Европскиот Парламент имаше средба со г. Рене ван дер Линден, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Патријархот одржа и говор пред полниот состав на Советот, на тема: „Потреба и цели на меѓурелигиозниот дијалог“.

 

Подоцна истиот ден Неговата Светост оствари и средба со Комесарот за човекови права г. Томас Хамемберг, како и со претставници на Турција и Грција, соработници на г. Хамемберг. Беа разгледани правата на православните христијани во Турција, а посебно статусот на Цариградската патријаршија.

 

Известува: http://www.orthodoxie.com/2007/01/allocution_du_p_1.html#more