Во Швајцарија средба на делегации на Цариградската и Московската патријаршија
 
 
 
 
 

Во Швајцарија средба на делегации на Цариградската и Московската патријаршија (30.01.2007)

На 23 јануари 2007 г., во Шамбези, Швајцарија, се одржа средба на делегации на Цариградската и Московската патријаршија.

 

Во разговорите зедоа учество, од Цариградската патријаршија: Пергамскиот митрополит Јован (Зизиулас), протопрезвитерот Георгиј Цецис и архимандритот Вартоломеј (Самарас) – заменик секретар на Светиот Синод; и од Московската патријаршија: митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил – претседател на Одделот за надворешни црковни врски, протоерејот Николај Балашов – секретар на ОНЦВ за меѓуправославни односи и свештеникот Сергеј Говорун – помошник на претседателот на ОНЦВ.

 

Беа допрени темите за билатералните и меѓуправославните односи. Посебно внимание ѝ беше посветено на новонастанатата црковна состојба во Велика Британија.

 

Известува: http://www.mospat.ru/index.php?page=34822