Почина видниот грчки литургичар, професор Јоанис Фундулис
 
 
 
 
 

Почина видниот грчки литургичар, професор Јоанис Фундулис (31.01.2007)

На 24 јануари, во Солун почина Јоанис Фундулис, професор по литургика на богословскиот факултет при Солунскиот универзитет. 

 

Фундулис е роден на 26 ноември 1927 г. во Месагра. Во 1950 г. го завршува богословскиот факултет на Атинскиот универзитет, а од 1953 до 1956 г. работи како асистент на оваа високошколска установа. Потоа до 1959 г. ги продолжува студиите во Белгија. Две години потоа станува асистент на катедрата за омилитика и литургика на Солунскиот универзитет. Во 1963 г. се здобива со титулата доктор на богословски науки. Од 1969 г. е унивезитетски професор.

            Од перото на Фундулис излегоа многубројни научни статии, учебници и книги со литургиска содржина, преведени на многу светски јазици. Меѓу најзначајните дела на овој литургичар може да се наведат: „Литургиски напомени“, „Одговори на литургиски недоумици“, „Омилитика“, „Литургиски текстови“, „Литургиски теми“ во 8 тома, „Литургика“ и многу други.

            Парастосот и погребот на новопреставениот професор Фундулис беа извршени на 25 јануари во 16 часот, на централните гробишта во Солун.

 

Извор: http://www.patriarhia.ru/db/text/187903.html