Вселенскиот патријарх во Лондон (01.02.2007)
Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј се наоѓа во официјална посета на Лондон. Вечерта во понеделникот отслужи Голема Вечерна, по повод празникот на светите Три Ерарси, во грчкиот православен соборен храм на Света Софија. Во својот говор на Божествената Литургија, патријархот Вартоломеј ги повика родителите да обрнат внимание на образованието на своите деца, затоа што тоа е најголемото богатство што можат да им го дадат. Тој изрази надеж дека европската ориентација на Турција ќе помогне во разрешувањето на проблемите што постојат во врска со православното образование во оваа земја. На Литургијата во Света Софија присуствуваа членовите на грчката заедница во Лондон, пратеници од Амбасадите на Грција и Кипар, Кентерберискиот архиепископ Рован Вилијамс и претставници на други вероисповеди, како и поранешниот крал на Грција Константин со членовите на семејството.
Патријархот Вартоломеј се наоѓа во посета на Лондон на покана од Кентерберискиот архиепископ, со цел двајцата духовни лидери да ги изложат резултатите досега постигнати во дијалогот меѓу двете цркви, Православната и Англиканската. Тие ќе го објават и продолжувањето на овој дијалог, а подоцна ќе присуствуваат на богослужба во Westminster Abbey.
Известува: ERT.gr