Александрискиот патријарх Теодор II во посета на Атина (02.02.2007)
Вечерта на 29 јануари 2007 година, Неговото Блаженство Теодор II, поглавар на Александриската Патријаршија, заедно со Неговото Високопреосвештенство Петар, Митрополит на Анксиоми и претставник на патријархот во Атина, пристигнаа во архиепископската резиденција во Атина, каде што Неговото Блаженство Христодул, Архиепископ на Атина и цела Грција, приреди ручек во чест на Александрискиот поглавар.
Неговото Блаженство Александрискиот патријарх Теодор II му се заблагодари на Архиепископот Христодул за големата помош и застапништво на Грчката Православна Црква за древниот, историски и апостолски Престол на светиот и славен апостол и евангелист Марко.
На ручекот присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство Спиридон, Митрополит на Лангада, и директорот на невладината организација на Грчката Православна Црква „Солидарност“, г-дин Димитри Фурлемадис.
Известува: Пресцентaр на Александриската патријаршија