Повторно отворање на Патријаршиското училиште во Александрија
 
 
 
 
 

Повторно отворање на Патријаршиското училиште во Александрија (03.02.2007)

Неговата Светост Александрискиот патријарх Теодор, кој се наоѓа во официјална посета на Грција, и заменик-министерот за надворешни работи на Република Грција Теодорос Касимис вчера го објавија повторното отворање на Патријаршиското училиште во Александрија, Египет, затворено во изминатите 460 години. Господин Касимис ја изрази својата полна поддршка на Александриската патријаршија.

 

Извор: ERT.gr