Светиот Синод на Грчката Православна Црква го прослави денот на својот покровител, свети Фотиј Цариградски (06.02.2007)
Светиот Синод на Грчката Православна Црква, на 6 февруари 2007 година со големи свечености го одбележа празникот на својот покровител, светиот цариградски патријарх Фотиј. Во манастирот Пендели архиепископот Христодул во сослужение со повеќе архиереи отслужи празнична Божествена Литургија, после која следеше прием во зданието на Атинската архиепископија за сите професори од двата Богословски факултети во Грција – Атинскиот и Солунскиот.
Претходниот ден, после празничната Вечерна богослужба, Атинскиот Архиепископ награди со златен орден на светиот апостол Павле неколкумина архиереи, професори и свештенопсалти. Од 7 феруари 2007 година, почнуваат седниците на постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква за месец февруари.
Известува: http://www.dveri.bg/content/view/3591/33/