Ќе влезе ли православната наука во училиштето (08.02.2007)
Во Москва завршија XV Меѓународни Божикни образовни излагања. Овој форум во печатот веќе именуван како „мал Собор“ на Руската Православна Црква, патријархот Алексиј II на отворањето го нарече „најголем образовен форум на Русија“.
Од обемното слово на патријархот Алексиј II, највпечатливо беше следното негово размислување во врска со разликите меѓу научниот и религиозниот поглед на светот: „Свеста кај човекот дека тој е круна на Божјото создание само го возвишува, а ако некој сака да смета дека човекот потекнува од мајмунот, нека си мисли така, но да не го наметнува својот став на другите“.
Во дискусијата која се разгоре после тие зборови останаа незабележани другите иницијативи на Патријархот, меѓу кои востановување на должноста ополномоштеник за правата на детето при претседателот на Руската Федерација „слично на она што функционира во Европската унија“, како и упростување на комплицираните правила при посвојувањето сирачиња.
Патријархот забележа дека современото семејство не може во полна мера да ги исполнува своите воспитни функции, што значи, улогата на моралоучител треба да ја земе врз себе училиштето: „Главна задача на образованието е да го научи секој човек да ја слуша сопствената совест. Притоа мора да се признае дека е деструктивна појава понекогаш забележливата желба да се потисне верата и религиозната свест на периферијата на општествениот живот и да се направи религијата исклучиво ‘приватна работа’ на секој одделен човек.“ Критикувајќи го секуларизмот, патријархот Алексиј II даде широка дефиниција на улогата на Руската Православна Црква: „Таа се грижи за сѐ во врска со човековата душа.“