Кина
 
 
 
 
 

Кина (10.02.2007)

За последните две години бројот на христијаните во Кина значително се зголеми: од 16 милиони на 40 милиони луѓе. До таков резултат дојдоа истражувачите од Шангајскиот универзитет. Но, според мислењето научниците, севкупниот број на верни во Кина трикратно ги надминува официјалните бројки. Според нивните податоци, 300 милиони Кинези (наспроти 100-те милиони според официјалната статистика) се сметаат себеси за верници – соопштува Интерфакс, со линк на руската служба на ВВС.

            Социолошката анкета со учество на 4,5 илјади луѓе определи дека 31,4% Кинези се приврзаници на некоја од религиите, додека останатите се сметаат себеси за атеисти. Будизмот, христијанството, таоизмот и исламот во истражувањето се наведени како основни религии во земјата.  

Професорот Лиу Чун Јои, еден од авторите на истражувањето, го поврзува растежот во бројот на верните во земјата со ширењето на слободата во социјалната и економската сфера на животот во Кина. Според неговите зборови, ако во минатите децении основниот дел на верници го составуваа луѓе од 40 години нагоре, денес повеќе од 60% од верниците се на возраст од 16 до 39 години. Државниот весник China Daily го нарече истражувањето „прва фундаментална работа во земјата во изучувањето на религиозните потреби“.

 

известува:  http://www.patriarhia.ru/db/text/194330.html