Руската Православна Црква го одбележа празникот на своите новомаченици и исповедници
 
 
 
 
 

Руската Православна Црква го одбележа празникот на своите новомаченици и исповедници (13.02.2007)

Во неделата, на 11 февруари, Руската Православна Црква го чествуваше споменот на своите многубројни новомаченици и исповедници од 20-от век, кои го дадоа животот заради Христовото сведоштво и Неговото Евангелие пред непријателскиот атеистички режим. Тој спомен се извршува во првата недела по 7 февруари, според одлуката на епископскиот собор во 1991 година, кој од своја страна се повика на одлуката на Московскиот помесен собор од 1917-1918 година.

20-от е век на особена болка за Руската Црква. Таа изгуби милиони свои чеда – епископи, свештеници, монаси, монахињи, мирјани – убиени, затворени, загинати од глад во текот на еден од најголемите прогони на христијанството. Крвта на тие исповедници на верата во Христовото Воскресение ја подготви сегашната преродба на Црквата во Русија. Тие се живите камења на воскреснатото руско православие и верни застапници пред Божјиот Престол.

 

Извор: ЕОRЕО