Кипарската Црква основа нови митрополии и хорепископи
 
 
 
 
 

Кипарската Црква основа нови митрополии и хорепископи (14.02.2007)

Кипарскиот Свет Синод отсега ќе брои 12 члена наместо досегашните 9, а тоа беа архиепископот Хризостом, митрополитот Хризостом Китиски, митрополитот Павел Кириниски, митрополитот Атанасиј Лимасолски, митрополитот Неофит Морфоски, хорепископот (викарен епископ на митрополитот) Варнава Саламински, хорепископот Василиј Тримитунтски, хорепископот Георгиј Арсинојски, епископот Никифор Кикоски.

 

Проширувањето на составот на раководниот орган на Кипарската Православна Црква е поврзано со отворањето на неколку нови митрополии и хорепископии. Тоа се: Константија, Мириантуса, Тамасос, Тримитунт, Карпасија и Арсиноја. Притоа не беше прецизирано кои од нив ќе имаат статус на митрополии а кои на хорепископии. Некои од нив постоеја и досега, но најверојатно сега ќе имаат повисок статус. Новите црковни административни единици ќе бидат финансиски независни.

 

Митрополитот на Лимасол г. Атанасиј веќе соопшти дека во својата митрополија ќе основа хорепископија и ќе го назначи духовникот што тој сака да управува со неа.

 

Извор: RNN