Во Русија отворија телефон „Помош на православните“ (15.02.2007)
Корисниците на платената услуга во Русија за референтна информација 009 отсега ќе можат да ја користат новата 24-часовна услуга „Помош на православните“. Сега секој клиент ќе може по телефон да се запознае со православниот календар, да ги слушне житијата на Светителите, проповеди и беседи на свештеници, да добие информација за поклонички патувања, православни воспитни установи, кафулиња и берзи на трудот. По желба на претплатникот, службата може да го поврзе за разговор со дежурен свештеник. Услугата е воведена со благослов на Виенскиот и Австриски епископ Иларион, претставник на Руската Православна Црква пред европските меѓународни организации.