Руската Федерација доби земјиште во Јордан (16.02.2007)
Во текот на својата посета на Кралството Јордан, претседателот на Русија В.В. Путин ги повика претставниците од светот на бизнисот да ѝ излезат во пресрет на Руската Православна Црква во изградбата на дом за поклоници на брегот на реката Јордан.
На 13 февруари, кралот на Јордан Абдалах II ѝ предаде на Русија парцела со плоштина од 1 хектар. Истиот ден претседателот на Русија ги посети библиските места и местото каде што беше крстен Христос Спасителот. Во негова придружба беа принцот на Газа, братучед на кралот Абдалах, и началникот на Руската духовна мисија во Ерусалим, архимандрит Тихон.
„Би сакал да поттикнам некои бизнис структури да ѝ укажат помош на Руската Православна Црква во изградбата на дом за поклоници. Тоа може брзо да се направи“, изјави претседателот Путин.
известува: Патриархия.ru